За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер, а во попладневните часови повторно се очекува појава на пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно време е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во метео предупредувањето од УХМР се вели дека на повеќе места се очекува да има пороен дожд, грмежи и локално невреме кое ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец кој во одредени делови ќе достигне брзина од над 50 километри на час.
Утринската температура ќе биде од девет до 19 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од 18 до 28 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 14 степени наутро до 26 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утре попладне, претежно во јужните делови од земјата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
И во Скопје утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура утре ќе биде во интервал од 18 до 30 степени.
