Утре и во петок, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица се очекува претежно сончево и топло време
И денеска во земјава ќе се задржи нестабилното време, проследено со дожд, грмежи и засилен ветер, а поради големата енергија во атмосферата наместа се очекува процесите да бидат поинтензивни со можна појава на град, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).

Промени во температурата на воздухот нема да има, така што и во текот на денешниот ден ќе биде топло на целата територија на државата. Утринската температура ќе се движи во интервал од 13 до 20 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 26 до 35 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слична временска состојба, нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Утре и во петок, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица се очекува претежно сончево и топло време.
