Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени
Времето денеска наутро ќе биде студено, а преку ден претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец,информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и тивко со максимална температура до 14 степени.
Нов влажен бран со врнежи од дожд ќе има в среда, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. В четврток ќе дува засилен северен ветер, а в петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време.