Времето денеска ќе биде сончево и потопло со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој на места вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а дневната ќе се движи од 17 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд. Од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме, особено во вторник.