Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото време со променлива облачност ќе се задржи и во текот на престојната седмица. На одделни места во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што особено може да се очекува во вторник
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 километри на час.

Утринската температура се движи во интервал од осум до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 33 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слична временска состојба. Ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, кој во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото време со променлива облачност ќе се задржи и во текот на престојната седмица. На одделни места во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што особено може да се очекува во вторник. Ќе дува слаб до умерен, а немста повремено засилен ветер од северен правец.
