Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиуспви степени
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 37 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло, а во деновите од викендот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.