Како што соопшти УХМР, денеска ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температурата ќе се движи од 22 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, а ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 32 степени.
Во понеделник ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.
Во Скопје утре ќе имаме сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Температурата ќе биде до 33 степени.
Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
