Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот со повремен локален слаб дожд во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и претежно тивко. Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.
Утре не очекува променливо облачно време, во попладневните часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје променливо облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите од осум до 18 степени.