Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.
Во Скопје, претежно сончево и топло со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
Времето утре наутро ќе биде постудено, а преку денот сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје, сончево и топло со слаб јужен ветер.
Во понеделник ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
За во вторник се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Додека во среда ќе биде променливо облачно, а во попладневните часови со локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).