Ова е резултат по одлуката Соединетите Американски Држави и Европската Унија да исклучат некои руски банки од меѓународниот систем за плаќање на банките СВИФТ и лично да ги санкционираат Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Вредноста на руската рубља денеска падна за речиси 30 отсто во однос на доларот откако светските сили воведоа нови, построги санкции кон Москва поради нејзината инвазија на Украина.
Според „Блумберг њуз“, во офшор трговијата рубљата падна за 27 отсто, на 114,33 за долар.
Соединетите Американски Држави и Европската Унија соопштија дека ќе исклучат некои руски банки од меѓународниот систем за плаќање на банките СВИФТ и лично ќе ги санкционираат Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тие, исто така, ги забранија сите трансакции со централната банка на Русија.
Во меѓувреме, земјите од Г7 – Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Држави – предупредија дека ќе преземат дополнителни санкции доколку Русија не ја прекине војната.