Ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата
ДУИ во страв од пораз на изборите сакаат да предизвикаат политичка криза во земјата, обвинија денеска на прес-конференција лидерите на партиите од коалицијата „Вреди“. Тие го прашаа лидерот на ДУИ Али Ахмети дали подготвува бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако, како што рекоа, се сретнале со претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски и му ветиле поддршка.
Според „Вреди“, ДУИ работи против интересите на Европската Унија и на САД и по наредба на руските центри на власта сака да спречи формирање на ново парламентарно мнозинство коее ќе обезбеди сутавни промени во рок од шест месеци од формирањето на новата влада.

„Во страв од поразот кој несомнено ги чека ДУИ веќе го загуби компасот. Така нивната единствена цел сега е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редови обидувајќи се да продолжат со техничката влада повеќе од 100 дена. Јавно го прашуваме Али Ахмети дали е вистина дека им наредивте на општинските организации да организираат бојкот на вториот круг од претседателските избори, иако се сретнавте со Стево Пендаровски и му ветивте поддршка. Ако ова е вистина, кажете ѝ на јавноста зошто не ги бојкотиравте претседателските избори во 2019 г. Што се смени од тогаш, дали стравот од неуспех ви го заматува видот или по наредба на руските центри на власта сакате да спречите ново парламентарно мнозинство да обезбеди уставни промени во рок од шест месеци по формирањето на новата влада“,
изјави Изет Меџити пртетседател на Демократското движење кое е дел од коалицијата „Вреди“.
Според него, ДУИ не смее заминувањето во опозиција да го претставува како проблем за опстанок на државата, бидејќи тоа е „неодговорно и кукавички“.
Од коалицијата порачаа дека по 8 мај ќе има влада со „Вреди“ како единствен легитимен политички претставник на Албанците.
„Ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодоговорно и кукавички. Затоа ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки“,
рече Меџити.
На новинарско прашање дали ќе коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ тој не одговори директно, но рече дека ќе има промени и нова влада.
Прашан дали ќе ги повикаат нивните гласачи да поддржат еден од двајцата кандидати во трката за претседател, Меџити рече дека е тоа нивно избирачко право и нема да даваат насоки за тоа.