Немањето воз предизвика проблеми за патниците од Велес – ученици, студенти или вработени кои секојдневно патуваат до Скопје и кои имаат месечен или билет со попуст

Патниците од Велес кои патуваат со воз до Скопје утринава останаа без превоз. Возот што требало да тргне од железничката станица во Велес утрово во 6:27 часот не бил на перонот. Причината е тоа што истиот воз, кој вчера во 16:55 часот тргнал од Скопје за Гевгелија, се расипал при тргнувањето. Поради тоа, истиот воз што утрово требало да тргне од станицата во Гевгелија во 4:40 часот не сообраќал.
Немањето воз предизвика проблеми за патниците од Велес – ученици, студенти или вработени кои секојдневно патуваат до Скопје и кои имаат месечен или билет со попуст.
Тие денеска беа револтирани што мораа да се изложуваат на дополнителни трошоци и бараат од ЈП „МЖ -транспорт“ што поскоро да го оспособи овој воз.
Инаку, утрово од Велес за Скопје тргнаа локалниот воз во 5:03 минути и возот од Битола кој според возен ред од станицата во Велес поаѓа во 5:46 часот.