На последната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека меѓу починатите се три малолетни лица, а повредени се повеќе од 20 во пожарот што изби во дискотека во Кочани
Повеќе возила на Итната медицинска помош од Бугарија попладнево пристигнаа во Клиничкиот центар во Скопје, пренесува МИА.

Оттука ќе ги преземат повредените пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани на лекување во Бугарија.
На последната прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека меѓу починатите се три малолетни лица, а повредени сее повеќе од 20 во пожарот што изби во дискотека во Кочани.
Претходно министерот соопшти дека во пожарот во дискотека во Кочани загинати се 59 лица, а бројот на повредени е повеќе од 150.