Во јануари започна работата на надградба на воздушната база „Кучово“ во Албанија како модерен оперативен центар на НАТО, а Албанија вети 50 милиони евра за воздушната база која се наоѓа на 85 километри јужно од главниот град Тирана
Старата воздушна база во Албанија од времето на комунизмот треба да стане тактичко-оперативна станица на НАТО кога повторно ќе се отвори во 2023 година, пишува „Еуроњуз“.
Воените трошоци во периодов се во пораст во поголемиот дел од Европа, главно во Германија, но и на Балканот. Тензиите растат и во околината на Албанија. Хрватска, која е членка на НАТО, и Србија, која се противи на влез во Алијансата, се чини дека се во мини трка во вооружување.
Србија има набавено надградени авиони МиГ-29, тенкови и ракетни системи од Русија, додека Хрватска купи 12 борбени авиони „рафал“ од Франција.
Во јануари започна работата на надградба на воздушната база „Кучово“ во Албанија како модерен оперативен центар на НАТО, а Албанија вети 50 милиони евра за воздушната база која се наоѓа на 85 километри јужно од главниот град Тирана.
За време на албанскиот комунистички режим, малиот град Кучово се нарекувал град на Сталин, а базата била изградена во 50-тите користејќи принудна работна од затвореници во времето на лидерот Енвер Хоџа, кој, и покрај тоа што бил комунист, на крајот им се спротивставил на СССР, Кина и Југославија по Втората светска војна.
По падот на комунистичкиот режим во 1990 година, албанската армија располагала со повеќе од 200 авиони, главно различни модели на МиГ, во три воздушни бази. Повеќето од нив сега не се во функција, а старите руски и кинески авиони престанаа да летаат во 2005 година.
Албанското воено воздухопловство сега располага со неколку хеликоптери, главно „белс“ и „еурокоптери“, а очекува да добие и неколку „блекхокс“, пишува „Еуроњуз“.
Албанија се приклучи кон острите санкции на ЕУ против Русија и силно ја осуди агресијата на Кремљ врз Украина.