Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ најави дека од денеска почнува вонредна дезинфекција на автобусите во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно, поради опасноста од ширење на коронавирусот.
„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично“,
информираат од ЈСП.
Во просек, секојдневно во автобусите на ЈСП транзитираат околу 115 000 и 130 000 граѓани, а стотици лица ја посетуваат и ја користат жичницата на Водно.