Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска ги доставува до Собранието предлог составот на новата влада и програмата за нејзина работа.
Поднесувањето на предлог-составот на новиот владин кабинет следува по повлекувањето на пратениците кои ќе бидат идни министри и верификацијата на мандатите на новите пратеници кои дојдоа на нивните места во законодавниот дом.
Новата влада ќе биде помала, односно ќе има 19 министри, наместо досегашните 26.