Новиот еврокомесар за соседска политика и за проширување Оливер Вархели денеска е во прва официјална посета на земјава. Тој и техничкиот премиер Оливер Спасовски во 15.30 часот треба да одржат заедничка прес-конференција која можете да ја следите во живо во видеото во продолжение.
Покрај со Спасовски, Вархеји се сретна и со Стево Пендаровски, а треба да има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, како и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.