Следете ја во живо прес-конференцијата на претседателот на Управниот одбор и извршен директор во Македонската навигација, Фахрудин Хамиди
Прес-конференцијата на Хамиди следува по последните случувања во М-НАВ кои ескалираа со вчерашниот упад на непознати лица во работните простории во институцијата и напад на дел од вработените. Упадот во М-НАВ се случи вчера попладне непосредно по прес-конференцијата на лидерот на Синдикатот на контролорите на летање, Александар Тасевски, на која тој информира дека се под засилен притисок од менаџментот на М-НАВ поради негодувањата на синдикалците за последниот оглас за вработување.