Следете ја во живо прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски
На пресот кој доцна вечерва го свика МВР се очекува да се изнесат повеќе детали околу апсењето на Љупчо Палевски-Палчо кој, како што дознава „360 степени“ е уапсен во градот Баликесир во Турција.
Тој е првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски. По Палевски, кој беше во бегство, МВР вчера распиша меѓународна потерница.
Претходно во денот, од ОЈО Скопје соопштија дека денеска е приведено лице кое го превезло Палевски од Србија преку Бугарија до Турција, а за кого Обвинителството бара притвор.