Во текот на вчерашниот ден поради семејно насилство од слобода биле лишени уште две лица, од кои едното во Кичево поради напад на вонбрачната партнерка, а другото во кумановско село, каде 28-годишник ја нападнал мајка си
Три лица во текот на вчерашниот ден биле лишени од слобода поради семејно насилтво, а на еден од приведените му е одредена и мерка притвор бидејќи ја нападнал сопругата со метални и дрвени предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Станува збор за 51-годишен битолчанец кој бил приведен вчераутро, откако во семјениот дом во градот ја нападнал три години повозрасната сопруга.
„На 25.05.2026 во 04:30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Т. С. (51) од Битола, бидејќи во семејниот дом во Битола физички ја нападнал неговата 54-годишна сопруга, а притоа користел и метални и дрвени предмети. Од страна на судија од Основен суд Битола на Т. С. одредена му е мерка притвор“,
се вели во соопштението од МВР.
Вчера попладне, во 15:40 часот во Кичево, пак, од слобода бил лишен 48-годшниот А. А. Полициските службеници интервенирале по пријава од претходниот ден, според која тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна вонбрачна партнерка.
Третиот случај е регистран во Куманово, каде што екипи на томошната полиција вчера вечерта од слобода лишиле 28-годишен жител на кумановско село кој физички ја нападнал мајка си.
Во врска со двата случаите во Кичево и во Куманово од МВР информираат дека се работи на нивно целосно документирање, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.
