НАСА е подготвена да ја лансира својата џиновска ракета „Артемис 1“, која е висока 98 метри и претставува најсложената и најмоќната што досега ја имала вселенската агенција. Лансирањето ќе биде од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, САД.
„Артемис 1“ е програма за човечки вселенски летови што ја предводи НАСА и чија цел е да се вратат мисиите на Месечината откако последен пат таму беа испратени 12 астронаути во рамки на програмата „Аполо“ пред половина век. Денешниот е пробен лет без екипаж.
Доколку овој шестнеделен тест мине добро, астронаутите за неколку години би можеле да се вратат на Месечината, но претставници на НАСА предупредуваат дека ризикот е голем и летот може да биде прекинат.