Вчера, пак, биле изгаснати 28 пожари, а во еден од нив биле зафатени стари куќи и помошни објекти
Утрово на територијата на цела држава регистрирано е дека има еден активен пожар во Општина Липково, покажуваат податоците од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Станува збор за шумски пожар над селата Извор и Белановце во оваа општина, но според информациите од надлежните, интензитетот е намален.
Заедно со овој, во текот на вчерашниот ден бил регистрирани вкупно 29 пожари. 28-те се изгаснати, а повеќето од нив бил сува трева, стрништа, ниска вегетација и шума. Само во еден пожар во селото Бељаковце каде што биле зафатени неколку стари куќи и помошни објекти.
(Фото: Архива)