СДСМ го направи Скопје див запад, познат по мафијашки престрелки и незавршени случаи, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го обвинија дека делел пасоши на криминалци од Балканот.

„Партијата на неврохирургот на Заеви, познати по шурување со криминалните банди низ Македонија, во чие време Македонија стана Мека за дилерите и убијците се најде да прозива на тема која најмалце ѝ одговара. Откако со неспособниот Спасовски кој народот го остави без лични документи и пасоши грижејќи се пасоши да добијат земунскиот, кавачкиот и шкаљарскиот дилерски клан и други бандити од Балканот, го направија Скопје див запад, познат по мафијашки престрелки и незавршени случаи“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Порачаа дека ќе има одговорност за сите.
„Вклучувајќи ги и тие кои ја доведоа земјава до ова дереџе да има на дното на листата за борба против корупцијата, каде има доверба од два проценти во судството, каде граѓаните живеат со 150 денари дневно, нема операциони сали, се краде од најтешко болните и нема образовен систем, додека земјоделците и работниците се борат за подобар стандард не наоѓајќи слух и поддршка од криминалците од СДС и ДУИ. Затоа ви препорачуваме да се покриете и да си ставите прст на чело. Не е ни чудно што едвај 180 илјади гласа добивте и станавте маргинална партија во државава“,
велат од партијата.