Од почетокот на вакцинацијата, па до вчера, во Спортската сала во Врање се вакцинирани вкупно 100.066 граѓани, соопшти тамошниот Здравствен центар. Според нивните податоци досега целосно се вакцинирани против ковид вкупно 11 966 државјани на С Македонија, а прва доза примиле вкупно 13 657.
На вакциналните пунктови во Врање, анјмногу се користела кинеската вакцина „Синофарм“ и тоа вкупно 62 711 пати за сите три дози (прва доза 28 965, втора 28 122 и трета 5 624). Потоа следи „Фајзер“, чија вакцина била аплицирана вкупно 29 439 пати (прва доза 15 139, втора 12 755 и трета 1 545). Потоа е руската вакцина „Спутник В“ со дадени 6 999 дози (прва 15 139, втора 3 146 и трета 571). Досека пак вакцината на „Астра Зенека“, која не беше достапна долго време, е аплицирана во 932 случаи (прва 455 и втора 477).
Инаку, вчера во Врање се вакцинирале тројца граѓани на Северна Македонија.