Шансата за вакцинација во Србија досега ја искористија и околу 70 наши граѓани кои имаат двојно државјанство, и македонско и српско
Во Србија досега се вакцинирани нешто повеќе од половина милион граѓани, јавуваат српските медиуми.
Точната бројка на вакцинирани изнесува 513 652.
Србија е една од првите европски земји по стапката на вакцинација на милион жители. Подобра во Европа е само Велика Британија. На трето место е Малта, потоа доаѓаат Данска, Исланд, Ирска, Романија, Словенија, Литванија, Швајцарија, Шпанија, Италија.
Шансата за вакцинација во Србија досега ја искористија и околу 70 наши граѓани кои имаат двојно државјанство, и македонско и српско.
Покрај тие со двојно државјанство, како што вчера изјави државниот секретар во Министерството за здравство на Србија Мирсад Ѓерлек, може да се вакцинираат и странци кои таму имаат пријавен престој.