Слична мерка е воведена и во Словенија и се однесува на салони за убавина и масажи
Од вчера на фризер во Виена може да се оди само негативен тест за коронавирус.
Тестовите може да се купат во аптеки и во центрите за тестирање, а на првиот ден од оваа мерка некои аптеки делеле бесплатни тестови, што создало големи редици.
Слична мерка е воведена и во Словенија и се однесува на салони за убавина и масажи, но засега таа не е усвоена во остатокот од Европа.
Од вчера во Австрија се отворени продавници, училишта и музеи, но властите предупредија дека се подготвени да ги засилат мерките доколку ситуацијата се влоши.