Според неофицијални информации кои ги пренесуваат дел од медиумите, починатиот е Милан Мукоски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски
Деветнаесетгодишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на регионалниот пат кон Вевчани, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Несреќата се случила кога автомобилот „ауди“, со кој управувал 19-годишникот, излетал од коловозот. Момчето починало на самото место.

„На 13.01.2024 околу 1:20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, Струшко, патничко моторно возило ‘ауди’ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот“,
информираат од МВР.
На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна полициска екипа и јавен обвинител.
Според неофицијални информации кои ги пренесуваат дел од медиумите, починатиот е Милан Мукоски, син на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.