Родители од струшко село утринава го донеле своето двомесечно бебе без знаци на живот на детското одделение во Општата болница во Струга. Од страна на медицинска екипа било пристапено кон реанимирање по што доктор педијатар констатирал смрт
Двомесечно бебе утринава без знаци на живот било донесено на детското одделение во болницата во Струга.
Директорот на болницата Владимир Бунчески во изјава за МИА вели дека причините за смртта на бебето треба да ги покаже обдукцијата.

Случајот во 8:30 часот утринава е пријавен и во полиција.
Според пријавата, родители од струшко село утринава го донеле своето двомесечно бебе без знаци на живот на детското одделение во Општата болница во Струга.
„Од страна на медицинска екипа било пристапено кон реанимирање по што доктор педијатар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, лекар од судска медицина извршил обдукција врз телото при што не се констатирани траги на насилство“,
информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со родителите на бебето е извршен службен разговор, а во нивниот дом е извршен увид од страна на ОВР Струга.