Српските знамиња на државните институции од утрово се спуштени на половина копје, а медиумите и културните институции се обврзани да ги приспособат своите програми за овој ден
Во Република Србија денеска е Ден на жалост поради масовното убиство на 12 лица што на 1 јануари се случи во Цетиње, Црна Гора.
Оваа одлука српската влада ја донесе на вчерашната седница на предлог на претседателот на државата, Александар Вучиќ.
Српските знамиња на државните институции од утрово се спуштени на половина копје, а медиумите и културните институции се обврзани да ги приспособат своите програми за овој ден.
Во Црна Гора беше прогласена тридневна жалост од 2 до 4 јануари, а Република Српска 3 јануари го прогласи за Ден на жалост.
Граѓаните во повеќе српски градови палат свеќи за загинатите во Цетиње.
Ацо Мартиновиќ на 1 јануари во Цетиње уби 12 лица, меѓу кои и две деца. Откако беше лоциран и опколен од полицијата, тој си пукал во главата со цел д аизврши самоубиство. Почина на пат кон болница.
