Пратениците од опозицијата престанаа да ги исвиркуваат говорниците од владејачката коалиција. Првиот кому за време на обраќањето не му зуеа вувузелите и свирчињата е пратеникот Дарко Каевски. Нему му беше дозволено целата реплика упатена кон пратеникот од Левица, Димитар Апасиев да ја искаже без да биде оневозможуван од буката која ја предизвикуваат „навивачките“ реквизити.
Последен кому ваквиот „оркестар“ во текот на денешната расправа му беше наменет беше пратеникот од редовите на СДСМ, Ненад Коциќ.