Во моментов, во Словенија активни се 1 044 случаи
Бројот на новозаразени со коронавирусот, по појавата на делта-сојот, расте и во Словенија. Оваа недела за 45 отсто е зголемен бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид-19 во споредба со една недела претходно.
Како што пренесува агенцијата СТА, во последните 24 часа словенските здравствени власти регистрирале 135 нови случаи од 1 673 тестирања, процентот на позитивни е 8,1 отсто.
Инциденцата на заразување во период од две недели во моментов изнесува 48 случаи на 100 000 жители, а бројот на активни случаи во Словенија моментално е 1 044.