Изречени се 22 санкции за возење без возачка дозвола и 20 за возење повеќе од дозволената брзина
Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје се изречени 218 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 53, потоа 22 санкции за возење без возачка дозвола и 20 за возење повеќе од дозволената брзина.
„Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон“
информират од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.