На дното на листата, пак, со помалку од 10 активни случаи се три градови: Пехчево – 8, Демир Капија – 4 и Дојран – 1
Во моментов во земјава активни се 12 486 случаи со ковид-19 од кои најголемиот дел се во Скопје – 5 709, покажува извештајот од Министерството за здравство.
Главниот град е единствениот со четирицифрен број активни случаи. По Скопје, следни на листата се Тетово со 971 и Куманово со 920 активни случаи.
Со денешните статистики, од почеток на епидемијата во земјава се регистрирани 188 113 случаи со ковид-19 од кои 169 116 лица оздравеле, 6 511 починале, а во моментов активни се 12 486.
На дното на листата, пак, со помалку од 10 активни случаи се три градови: Пехчево – 8, Демир Капија – 4 и Дојран – 1.
Комплетната листа градови и бројот на активни случаи може да се погледне во продолжение:
- Скопје 81 663, Активни 5 709
- Тетово 10767, Активни 971
- Куманово 11116, Активни 920
- Охрид 5844, Активни 559
- Струга 3763, Активни 540
- Гостивар 7932, Активни 507
- Кичево 3895, Активни 423
- Струмица 5632, Активни 405
- Велес 6077, Активни 297
- Прилеп 8944, Активни 285
- Битола 6977, Активни 257
- Штип 5593, Активни 236
- Кавадарци 5777, Активни 212
- Кочани 3158, Активни 133
- Дебар 1444, Активни 127
- Радовиш 1489, Активни 112
- Свети Николе 1838, Активни 109
- Ресен 1518, Активни 105
- Гевгелија 2367, Активни 78
- Делчево 1111, Активни 67
- Кратово 541, Активни 57
- Крива Паланка 1361, Активни 57
- Виница 1011, Активни 47
- Неготино 2300, Активни 44
- Пробиштип 900, Активни 43
- Берово 1200, Активни 37
- Валандово 794, Активни 34
- Македонски Брод 463, Активни 32
- Македонска Каменица 293, Активни 20
- Демир Хисар 428, Активни 18
- Богданци 544, Активни 17
- Крушево 518, Активни 15
- Пехчево 310, Активни 8
- Демир Капија 406, Активни 4
- Дојран 139, Активни 1
Инаку, според здравствениот билтен за последните 24 часа, во земјава се регистрирани 491 нов случај со ковид-19, 416 оздравени пациенти и 16 починати.
Покрај 16 смртни случаи во последното деноноќие, од Министерството за здравство велат дека дополнително се пријавени уште шест починати лица кои битката со коронавирусот ја загубиле во периодот од 14 до 20 септември.