Покрај 16 смртни случаи во последните 24 часа, од Министерството за здравство велат дека дополнително се пријавени уште шест починати лица кои битката со коронавирусот ја загубиле во периодот од 14 до 20 септември
Во последните 24 часа, направени се 3 747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 232, додека останатите се во: Куманово – 41; Штип – 26; Велес – 20; Битола – 19; Охрид – 17; Кавадарци – 16; Прилеп – 15; Струмица – 14; Свети Николе и Кратово – по 10; Кочани и Радовиш – по 8; Гостивар и Кичево – по 7; Гевгелија и Валандово – по 6; Струга и Берово – по 5; Ресен – 4; Тетово и Пробиштип – по 3; Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2; Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 416 оздравени пациенти од: Скопје – 214, Струмица – 70, Куманово – 23, Тетово – 16, Штип – 12, Кочани и Кичево – по 10, Гостивар – 9, Битола – 8, Велес и Кавадарци – по 7, Прилеп и Свети Николе – по 5, Крива Паланка и Богданци – по 3, Охрид, Кратово, Радовиш и Пробиштип – по 2, Гевгелија, Валандово, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82 г, 82 г, 76 г, 72 г, 72 г, 71 г и 64 г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71 г и 65 г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени сè уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови“,
соопштија од Министерството за здравство.
Со денешните статистики, од почеток на епидемијата во земјава се регистрирани 188 113 случаи со ковид-19 од кои 169 116 лица оздравеле, 6 511 починале, а во моментов активни се 12 486.