Во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 24 нови случаи со ковид-19 и осум излекувани пациенти. Со тоа, бројот на активни случаи во главниот град изнесува 588.
Од нив најмногу се во Аеродром – 98, а Чаир, каде што пред два месеца имаше и над 400 активни случаи, сега не е меѓу првите општини по бројот на активни случаи. Повеќе од него имаат Гази Баба, Карпош и Центар.
Состојбата по општини во Скопје моментално изгледа вака:
• Аеродром – 98
• Гази Баба – 75
• Карпош – 68
• Центар – 65
• Чаир – 56
• Кисела Вода – 55
• Бутел – 39
• Ѓорче Петров – 37
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Илинден – 12
• Арачиново – 10
• Сопиште – 4
• Петровец – 4
• Чучер Сандево – 1
• Зелениково – 1
• Странец – 4
Нераспределени по општини се уште се четворица заразени.
