Наставниот кадар во петте основни и четирите средни училишта во Штип од 1 октомври ќе ја одржуваат наставата онлјан. Ќе доаѓаат на своите работни места, и од кабинетите и од училниците, согласно распоредот на часови, ќе ја држат наставата за учениците.
„Ваквиот вид настава од училниците и кабинетите ќе биде поддржан и од општината, во делот на обезбедување поквалитетен интернет“,
изјави денеска заменик-градоначалникот на Штип, Јане Миланов.
Тој истакна дека во училиштата ќе се запазат сите здравствени протоколи, кои се дадени од страна на Комисијата за заразни болести и Министерството за образование.
Училиштата треба да достават до општината изјаснување дали имаат просторни можности за физичко присуство на учениците.
Анкетите со родителите се завршени во сите основни училишта.