Причина да ги побараме податоците од Министерството за здравство и ИЈЗ е што во последниве десетина дена, во дневните извештаи за ковид-статистиката во земјава, Министерството за здравство објавуваше за бројки на починати од Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 во „Мој термин“
Во моментов на територија на цела држава на болничко лекување со ковид се 709 пациенти, од кои 313 се во болниците во Скопје, а 363 во болниците низ државата
Црната ковид-статистика во септември изнесува 652 починати лица. Овој податок „360 степени“ го доби од Институтот за јавно здравје, преку Министерството за здравство.
Причина да ги побараме податоците е што последниве десетина дена, во дневните извештаи за ковид-статистиката во земјава, Министерството за здравство објавуваше за бројки на починати од Регистарот на починати со дијагноза ковид-19 во „Мој термин“.
Првиот таков извештај беше објавен на 22 септември кога, покрај 16 починати, во изминатите 24 часа имаше уште 6 лица со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година.
Во следните денови тој период се растегна наназад до 22 август (24 септември). Па некој ден беа плус 14 починати (23 септември), девет (28 септември), шест (24 септември) три (25 септември) еден (27 септември) и десет во вчерашниот извештај со датум на смрт од 7 до 29 септември.
На прашањето зошто овие смртни случаи не се пријавувани како и останатите, во рок од 24 часа, од ИЈЗ кусо одговорија: „Пријавени се тогаш кога се појавиле во Регистарот за ковид во ‘Мој термин’.“
Во болниците во моментов има 709 пациенти со ковид
Не е првпат Министерството за здравство да соопштува за починати лица од претходен период. Тоа се случуваше и во април годинава.
Генерално, во дневната ковид-статистика Министерството за здравство од почетокот на пандемијата досега ги соопштува истите податоци – број на тестирани, број на заразени, број на починати, број на оздравени и број на направени тестови (и каде се направени тестовите), како и бројот на моментално активни случаи (вкупно и по градови) и вкупниот број на заразени и починати од првиот ден на пандемијата.
Она што со месеци не се објавува е бројката на хоспитализирани и таа се соопштува само по поставено прашање.
Така, „360 степени“ ја побара и оваа бројка од МЗ, на што добивме податоци дека во моментов на територија на цела држава на болничко лекување со ковид се 709 пациенти, од кои 313 се во болниците во Скопје, а 363 во останатите болници низ државата.
Поврзани вести:
Ковид-19: Нови 112 случаи, 12 починати за 24 часа и уште еден смртен случај од пред два дена
Ковид-19: Уште 20 починати, 17 од нив во последното деноноќие
Ковид-19: За 24 часа починаа 12 пациенти, регистрирани и шест други смртни случаи од претходно
Ковид-19: Во последното деноноќие пријавени 16 починати и 491 нов случај