Во моментов активни се 12 017 случаи, од кои во Скопје се 5 629. Во Куманово и Тетово има по 941, односно 932 активни во моментов
Од починатите во последното деноноќие, седум лица се од Скопје. Најмладата жртва, пак, е 37-годишно лице од Дебар
Во последните 24 часа се направени 1 726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Најголем дел од новите случаи се во Скопје – 82, додека во другите градови има по: Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 419 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Велес и Кочани – по 6, Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4, Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2, Охрид и Виница – по 1.
Во изминатите 24 часа починале 12 лица: 7 починати лица од Скопје (78г, 78 г, 76 г, 76 г, 72 г, 67 г и 66 г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Струмица (72г), Штип (62г), Дебар (37г) и Велес (84г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од ‘Мој термин’, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.9.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови“,
додаваат од Министерството за здравство.
Активни се 12 017 случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189 999 бројката на оздравени пациенти е 171 375, на починати е 6 607, а бројот на активни случаи изнесува 12 017.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 82 605, Активни 5 629
- Куманово 11 256, Активни 941
- Тетово 10 798, Активни 932
- Прилеп 8 993, Активни 294
- Гостивар 7 948, Активни 482
- Битола 7 046, Активни 277
- Велес 6 152, Активни 318
- Охрид 5 907, Активни 515
- Кавадарци 5 853, Активни 211
- Струмица 5 694, Активни 304
- Штип 5 660, Активни 227
- Кичево 3 935, Активни 408
- Струга 3 774, Активни 365
- Кочани 3 206, Активни 138
- Гевгелија 2 392, Активни 79
- Неготино 2 307, Активни 37
- Свети Николе 1 873, Активни 112
- Ресен 1 528, Активни 93
- Радовиш 1 501, Активни 94
- Дебар 1 447, Активни 113
- Крива Паланка 1 400, Активни 83
- Берово 1 205, Активни 28
- Делчево 1 116, Активни 68
- Виница 1 022, Активни 51
- Пробиштип 907, Активни 36
- Валандово 806, Активни 27
- Кратово 551, Активни 52
- Богданци 544, Активни 11
- Крушево 522, Активни 15
- Македонски Брод 464, Активни 27
- Демир Хисар 432, Активни 20
- Демир Капија 409, Активни 7
- Пехчево 312, Активни 4
- Македонска Каменица 295, Активни 18
- Дојран 139, Активен 1