Носителите на кандидатските листи ќе бидат објавени на конгресот на 9 март
Во СДСМ во тек е селекција од преку 750 кандидати за пратеници во која се вклучени странски и домашни експерти, и политичари од СДСМ, по што на конгресот на партијата што ќе се одржи на 9 март ќе бидат објавени носителите и кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори, објави денеска лидерот на партијата Зоран Заев.
Селекцијата подразбира разгледување на нивните биографии, по што ќе се прават анализи и интервјуа, а паралелно се одвиваат анкетите.
„Сакаме да ги избереме најдобрите“, рече Заев додавајќи дека има многу добри кадри кои не се нафаќаат да се занимаваат со политика.