Вакцината е со кодно име mRNA-1273 и за неа се пријавени 45 волонтери кои ќе примаат две дози од вакцината во текот на еден месец
Американските научници ја почнаа првата фаза од тестирањето на вакцината за коорнавирусот врз луѓе, со надеж дека во рекорден рок можат да ја развијат потенцијалната вакцина против ковид-19.
Првите инјекции ги примија здрави волонтери на Институтот за истражувања „Кајзер перманенте“ во Сиетл, пренесе Гласот на Америка.
Ова е само почеток на серијата експерименти врз луѓе, со цел да се утврди дали вакцините се сигурни и дали воопшто се ефикасни. Дури и да се покаже дека е се во ред, тие нема да влезат во употреба во следната, една и пол година, изјави Ентони Фауци од американскиот Национален институт за здравје.
Пронаоѓањето вакцина е многу итно и приоритет за јавното здравје, рече Фауци и наведе дека ова е првиот чекор во тој правец.
Американски новинари присуствувале на првото вакцинирање, кога меѓу првите волонтери се појавила и менаџерка во мала ИТ компанија. Според американските медиуми, за тестирањето се пријавиле 45 волонтери, кои ќе примат две дози вакцина во период од еден месец.
Вакцината со кодно име mRNA-1273, се прави во соработка со Националниот институт за здравје и биотехничката компанија Модерна. Инк од Масачусетс.