САД регистрираа 65 551 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е нов рекорд за 24 часа, според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Земјата, која е најтешко погодена од пандемијата во светот, има повеќе од 3 милиони луѓе заразени и 133 195 смртни случаи.
Претходниот дневен рекорд беше во вторникот, кога за еден ден беа пријавени повеќе од 60 200 случаи.