Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата, ќе имаат координација со премиерот Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.
Заев, Мицкоски, Ахмети, Касами, Тачи, Села и Гаши го потврдиле присуството на состанокот, заедно со уште по еден партиски претставник.
Целта на денешната средба, како што кажа Заев, е препораката од Министерството за здравство, лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу моделите на водење на кампањата.
„Веројатно да ни укаже на нас лидерите, а да пренесеме и на коалициските партнери каков вид кампања е дозволива и што е препорачливо како да се придржуваме до сите задолженија, како и оние препораки што се од страна на државните институции за да можеме да го исполниме тоа што граѓаните од нас го очекуваат, да ги промовираме нашите програми, нашите кандидати, визии и слично, а притоа да се испочитуваат сите задолженија и препораки од државните институции“,
посочи Заев.
Од Владата на брифинг со медиумите завчера порачаа дека во врска со состојбата со коронавирусот не треба да се профитира политички.
„Врв на неодговорност е да разговарате со министер за здравство и за еден час да му поднесувате кривична пријава дека го загрозува здравјето на луѓето. Во услови на ваква криза секој што ќе калкулира за политички поени, за сензационализам и за што било на грбот на граѓаните и нивното здравје, односно да гради своја среќа на туѓа несреќа е осуден на пропаст“, рекоа тогаш од Владата.
*Поврзани вести
(ВИДЕО) Заев: Можеби ќе водиме електронска кампања поради коронавирусот
(ВИДЕО) Уште две лица од Дебар позитивни на коронавирус, вкупно девет заразени во земјава