Рано утрово избил пожар во зградата на поранешната касарна во Струмица каде што се сместени просториите на регионалната телевизија ТВ канал ВИС.

Како што објавија од телевизијата, во пожарот кој избувнал во 2 часот утрово зафатени биле телевизиското студио и техниката, но и другите простории во старата касарна. Противпожарните екипи сè уште се на терен. Во текот на денот се очекува да биде извршен увид на самото место и да се утврдат причините за пожарот.
