Во последните 24 часа, здравствените власти регистрирале 14 смртни случаи на пациенти кои биле позитивни на ковид-19.
Најмладиот од нив имал 35 години.
По градови и возраст, смртните случаи се регистрирани во следните градови: пет пациенти од Скопје (35, 82, 62, 90 и 77 г); еден од Прилеп (54г); еден од Тетово (88г); еден од Струга (66г); еден пациент од Велес (78г); еден од Битола (76г); двајца пациенти од Струмица (63 и 68 г); еден од Радовиш (66г) и еден пациент од Ресен (83г).
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата изнесува 977.