Градот Скопје ги известува граѓаните дека в понеделник (10.8.2020) во раните утрински часови ќе се изврши четвртата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.
„Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“,
велат од Град Скопје.