По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција
Денеска во 16.46 часот во СВР Битола било пријавено дека во отворениот Олимпискиот базен во Битола се удавил шпански државјанин на возраст од 22 години.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.