Сите жители на Москва од денеска ќе мора да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
„Потпишав наредба за дополнителни мерки за да се спречи брзото ширење на коронавирусот. Самоизолацијата ќе биде задолжителна за сите жители на Москва, без оглед на возраста“,
напиша Собјанин на својот блог.
Во наредбата пишува дека напуштањето на домовите ќе биде можно само во случај на итна медицинска помош или во случај на опасност по животот и здравјето, доколку мора да одите на работа, освен ако не постои друго решение, за да се изврши набавка и да се прошетаат домашни миленичиња, и тоа на оддалеченост од 100 метри од местото на живеење, како и за изнесување ѓубре.
Во Русија, во изминатите 24 часа, се откриени 270 нови случаи, додека вкупниот број на пациенти достигна 1 534, и 64 починати.