СЗО наведува дека мажот не бил изложен на живина или други животни. Во април добил треска, отежнато дишење, дијареја, мачнина и општа слабост, а една недела подоцна побарал лекарска помош. Тој починал истиот ден поради компликации
Светската здравствена организација (СЗО) го потврди првиот смртен случај на човек заразен со поттипот на птичји грип Х5Н2. Тоа е и прв случај на инфекција со птичји грип во Мексико.
„Ова е прв лабораториски потврден случај на инфекција со птичји грип од поттип А (Х5Н2) кај луѓето и прва инфекција со вирусот Х5 во Мексико“,
се вели во соопштението на СЗО.
СЗО наведува дека мажот не бил изложен на живина или други животни. Во април добил треска, отежнато дишење, дијареја, мачнина и општа слабост, а една недела подоцна побарал лекарска помош. Тој починал истиот ден поради компликации. Мажот имал хронична бубрежна болест, дијабетес тип 2 и висок крвен притисок, соопшти мексиканското Министерство за здравство.
Ниту едно од лицата кои биле во контакт со него не било заразено, а изворот на инфекцијата не е идентификуван. Мексиканското Министерство за здравство соопшти дека ризикот од инфекцијата кај населението е низок.