Голем дел од хоспитализираните се на кислородна поддршка
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти, а отпуштени се дома 38 оздравени. Вкупната бројка на хоспитализирани во моментов изнесува 338, додека бројот на слободни кревети до утрово изнесувал 98, соопшти Министерството за здравство.
Голем дел од пациентите, наведуваат оттаму, се на кислородна поддршка.
Најголем дел од пациентите се сместени во Градската општа болница „8 Септември“ – 108 и на Инфективната клиника – 92.
Во детската болница во Козле, пак, има 18 пациенти. Во ковид-центрите на останатите клиники, пак, има: на Институтот ТБЦ 25 пациенти; на Клиниката за неврологија 24; на Клиниката за нефрологија 20; на Кожната и на Клиниката за гастроентерохепатологија по 18; на ОРЛ 17; и на Клиниката за очни болести 4.