Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 540 пациенти позитивни или суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 26, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни или суспектни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 73, во ковид-центарот во Гостивар 31, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 46 пациент, во Кочани 18, во Кичево 8, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 лица, а во Дебар 5 позитивни или суспектни на корона вирусот.
Од Министерството потенцираат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни или суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 871 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Од Министерството велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
